| четврток, 6 декември 2018 |

Нема мир ниту на врвот на ветерницата (видео)

Живееме во години кога приватноста, се чини, е потполно загубена. Дури и кога мислите дека се наоѓате изолирани на некое недостапно место, секогаш има прилика од никаде да се појави некој „дрон“ и да ја сопре илузијата.

Тоа го доживеа човекот кој што мислеше дека непречено ќе може да ужива во сонцето лежејќи на најневозможното место- на врвот на 60 метарската висока ветерница.

Управувајќи со своето летало, Кевин Милер ги снимал пејсажите на Род Ајленд од птичја перспектива, кога го снимил и човекот кој се сонча на врвот на ветерницата.

Се уште не е откриен идентитетот на човекот кој помисли дека го пронашол најинтимното место за опуштање на сонцето. Веројатно е човек од одржувањето на турбината, кој на прекрасен, но сепак опасен начин, ја минува паузата за ручек. Според снимката, нарушувањето на мирот воопшто не му беше пријатно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top