| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Кавадарци една од општините со најмала невработеност

Кавадарци е една од општините во која имаме најмала невработеност, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на Договорот за реконструкција и доградба на едно основно и две средни училишта во општината.

– Кавадарци е општина во која имаме многу вработувања, пред се во „Дрекслермаер“ каде бројката на вработени надмина 5.000 лица, а со последната најава дека во септември ќе има уште 500 вработувања ќе се приближиме до околу 6.000 работни места што е извонредно голем број на вработувања. Исто така преку проектот „Македонија вработува“ над сто кавадарчани најдоа работа, истакна вицепремиерот Ставрески.

Тој додаде дека општината се движи во добра насока и оти се создаваат подобри услови за живот за граѓаните на Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top