Најдобриот кошаркар на Чикаго Булс, Дерек Роуз повторно се поврзува со секс-скандал. НБА-ѕвездата по третпат се поврзува со иста личност која сака да остане анонимна и повторно се обидува да изнуди пари од кошаркарот, изјави неговиот адвокат Лиса Коен.
Жената, која не сака да го објави својот идентитет и се претставува како Џејн До, поднесе тужба за дрогирање и силување од страна на плејмејкерот и негови двајца пријатели.
– Ѕвездата на Чикаго Булс и дотичната имаа консенсуални сексуални односи повеќе од две години, но не беа во моногамна врска. Никогаш немало жалба од нејзина страна, сè додека не ја убедија нејзините адвокати. Ова е веќе трет обид од нејзина страна да изнуди пари и да ја уништи репутацијата на Роуз. Верувам дека случајот наскоро ќе биде разрешен. Оваа тужба е бедна и очајна – истакна Коен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно