Лондонскиот тим Челси и актуелен шампион на Англија имаше лош старт во новата сезона. По само три кола избраниците на Жизе Мурињо заостануваат цели пет бода зад главниот конкурент за титулата Манчестер Сити.
Тоа го запали алармот кај газдата Роман Абрамович кој се реши да го одврзе ќесето до крајот на преодниот рок и да доведе неколку звучни имиња.
По Педро од Барселона кој се покажа во одлично светло на својата премиера во Англија, Челси со сите сили се обидува да го доведе и најдобриот играч на Јувентус Пол Погба.
Околу овој фудбалер се кршат копјата низ цела Европа бидејќи сите богати тимови сакаат да го видат во своите редови.
Сепак „сините“ од Лондон подготвуваат неверојатни 95 милиони евра за Погба сума која посеизгледа ќе ја прифати „старата дама“ бидејќи е најголема пристигната на своја адреса.
Доколку тој се пресели во Челси до крајот на овој трансфер-период, би заработувал по 16 милиони евра по сезона.
Погба е член на Јувентус од 2012 година, и досега вкупно настапи на 131 натпревар, постигнувајќи 24 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.