Покрај Аријан Адеми кој со својот Динамо Загреб обезбеди учество во групите во Лигата на шапмионите уште еден македонски интернационалец есенскиот дел од сезона ќе ја мине во Европа.
Повремениот репрезентативец Иван Тричковски кој пред само неколку недели направи трансфер во Легија Варшава се избори за пласман во Лига на Европа откако неговиот тим победи во баражот за групната фаза. Легија беше подобра од украинскиот тим Зорја со вкупен резултат од 4-2. Синоќа во реваншот на домашен терен Тричковски и соиграчите се радуваа на победата од 3-2 сигурниот пласман во ЛЕ.
Тој не доби шанса од тренерот на вчерашаниот натпревар, неколкупати најави дека Тричковски се очекува биде еден од главните играчи во Легија.
Мирко Ивановски, пак, не успеа со Видеотон да се избори за групната фаза од ЛЕ. Унгарскиот тим и денеска загуби на домашен терен од полскиот Лех Познањ со 0-1 па ги заврши европските настапи. Ивановски ја одигра целата средба за Видеотон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.