| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата со водостојот на Охридско Езеро е загрижувачка

Водостојот на Охридско Езеро и на реките во неговиот слив е зголемен за што придонесоа обилните врнежи

kanal

Под вода е и Студенчишко Блато, а до врв е полн и каналот Студенчишта.

Поради зголеменото ниво на реката Црн Дрим, пoплавени се испустните цевки од колекторот, а пречистената вода се враќа назад во пумпите и се прелева. Дежурните екипи на „Проаква“ едвај се справуваат со ситуацијата. За да се спречи поплавување на крајезерските населби во Охрид и во Струга, од одредени пумпни станици непречистената вода директно се испушта во езерото.

Според најавите на метеоролозите, денеска ќе имаме сончево и стабилно време, но веќе од утре се очекуваат нови врнежи, кои попладне наместа ќе имаат пообилен карактер, особено во јужните и во западните подрачја (над 20л/м2). Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец, што дополнително може да ја усложни и онака неповолната хидролошка ситуација во Охридско.

 

Извор: OhridNews

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top