Сѐ што правите открива по нешто за вашиот карактер. Многу од тоа е базирано врз навика – на начинот на којшто сте научиле да ги правите нештата кога сте биле мали, ќе продолжите да ги правите и подоцна во животот.Пицата е една од најубавите видови храна која постои денес во светот. Таа е тука кога сме тажни за да нѐ заведе со нејзиниот магичен вкус и неверојатни преливи… Да не ви правиме лиги, но кога веќе го грабнавте парчето, на каков начин го јадете? Пронајдете ја вашата категорија и видете што тоа открива за вас.
Ја виткате
Оние кои ја јадат пицата на ваков начин не си играат и не трошат време во додавање различни дополнителни вкусови на секое парче. Тие сакаат да ја изедат пицата и да преминат на десертот. Бидејќи брзината им е клучна, нив не им е важно да бидат културни. Исто така не се плашат да го најдат вистинскиот метод кој најмногу им одговара. Вам, да се биде најдобар ви е на врвот на листата со приоритети. Сакате да водите и секогаш носите правилни одлуки.
Прво ја јадете кората
Прво моравме да провериме дали луѓето навистина вака јадат пица, но да, има такви случаи. Тие кои најпрво ја јадат кората сакаат да бидат поинакви – тие сакаат да поставуваат трендови и да им кажуваат на луѓето што да прават. Сакаат да бидат драматични, честопати зборуваат гласно и го сакаат вниманието што го добиваат поради нивните постапки – уште подобро ако вниманието е пропратено со мал восхит. Не се плашите да кажете дека нешто е кул уште пред Интернетот да го потврди тоа, затоа што така вие можете да ги земете заслугите. Вие знаевте дека начинот на којшто ја јадете пицата беше кул уште пред сите да го прифатат.
Јадете со нож и вилушка
Кога јадете пица со нож и виљушка, дали сакате да бидете методични? Дали секогаш го засекувате првото парче на исто место или можеби за секој залак сечете парче со иста големина? Ако одговорот на овие прашања е потврден, тогаш вие сте стабилна личност – тип на пријател што на секого му е потребен во животот. Вие мора да бидете сигурни дека сите имаат парче пред да почнете да уживате во вашето, и најверојатно вие би биле домаќин на пица забава, во топла, опуштена дневна соба придружена со вино. Затоа што сѐ правите преку одреден систем, келнерот знае точно што ќе нарачате уште пред да почнете да го читате менито.
Ја гризете директно
Без сечење и фенси методи – ова ве прави внимателна личност. Кога веќе ќе пронајдете еден добар начин за да правите нешто вие секогаш се држите до него, затоа што сакате секој пат да биде како што треба. Тоа исто така значи дека јадењето пица не го сфаќате лабаво. Да, може да биде забавно искуство кое ви дава можност да експериментирате со неколку вкусови истовремено, но вие детално го имате истражено она што е најдобро и сакате да се држите до тоа. Исто така вашите перфекционистички тенденции не се плашат да излезат на виделина. Затоа вие го поседувате најдобриот сечач за пица што постои на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.