Се покажало дека пицата е корисен оброк за појадок. Обично за појадок се препорачуваат житарки или јајца, а многумина грешат и јадат сендвичи. Но, што е со пицата? Познатиот американски нутриционист Челси Емер открива дека пицата за појадок е многу корисна.
„Се разбира, не велам дека пицата е најздравиот оброк, но е многу подобра отколку житарки за појадок“, вели д-р Челзи Емер.
Во пицата има сирење, а со тоа и протеини кои се неопходни за телото наутро. Затоа, ако изедете парче пица до 10 часот наутро – тоа не е само вкусен, туку корисен оброк. Во овој случај, телото е заситено и нема да ви треба уште еден оброк до ручек.
Парче пица содржи повеќе масти и многу помалку шеќери од повеќето производи кои се препорачуваат за појадок.
Пицата содржи протеини, масти, а исто така и јаглени хидрати – и тоа е многу балансиран појадок! Главната работа е да не се претерува со пицата и доволно е да се изеде едно парче, иако е тешко да се запре.
„Исто така, треба да се обрне внимание на составот на производот“ – вели нутриционистот.
Ќе бидете изненадени од фактот дека во просек едно парче пица содржи ист број на калории како порција суви житарки и млеко. Сепак, во млекото и житарките нема протеини, нема масти и нема зеленчук.
извор: text.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.