Најмалку три лица се убиени во улични судири меѓу турските сили за безбедност и курдски бунтовници во градот Јуксекова, во југоисточна Турција.
Абдулах Зејдан, пратеник од турската прокурдска Демократска партија на народите (ДПН) денеска изјави дека седум лица се повредени во судирите во Јуксекова, во близина на границата со Иран и со Ирак.
Според турските медиуми, немирите во градот почнале откако властите од синоќа вовеле полициски час.
Повеќе од 100 лица, повеќето војници и полицајци, се убиени од минатиот месец по продолжување на конфликтот меѓу забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и турските сили за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судири меѓу приврзаници и противници на Ердоган во Брисел
-
Мачење во Германија по теркот на ИСИС: Курд ја врзал жена за автомобил и ја влечел низ улиците
-
Тажен крај за националната миленичка – Курдската Анџелина Џоли загинала во битка со џихадистите
-
Ердоган: Турција го „исчисти“ северот на Сирија од џихадисти и курдски милици



