Курдските сили ги погодила веста дека националната миленичка и симболот на курдската елитна женска единица загинала во битка со радикалните екстремисти од ИД. Асија Рамазан Антар, позната како “курдската Анџелина Џоли” загинала во крвава битка кај турската граница борејќи се против терористите од Исламска Држава.
Оваа 20 годишна убавица учествувала во бројни битки и така стекнала статус на неприкосновена хероина. Родена е 1996 година, а на курдските воени сили им се придружила на свои 18 години.
Потврда дека загинала стигнала и на фејбук страницата “Слобода за Курдистан” каде било наведено дека таа настрадала во борбите против милитантите на ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро