| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски и Величковски се сретнаа со штабните офицери што заминуваат за Авганистан

јоле

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ, кои заминуваат во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан, каде што ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север.

Како што соопшти Генералштабот на АРМ, министерот Јолевски посакувајќи им успешна и безбедна работа, на штабните офицери им порача дека со учеството во новата мисија на НАТО во Авганистан, Република Македонија ја искажува силната заложба за полноправно членство во Aлијансата. Изразувајќи цврсто убедување дека штабните офицери на АРМ достојно ќе ја претставуваат Република Македонија, министерот Јолевски изрази подготвеност за секаков вид поддршка кон нив од страна на министерството и Генералштабот на АРМ.

За време на средбата, министерот Јолевски беше запознаен со работата и задачите на штабните офицери во рамките на командата Север од мисијата „Одлучна поддршка“.

Генералот Величковски на штабните офицери им посака успешна работа, при што ги нагласи важноста, сериозноста и професионалното извршување на задачите, истакнувајќи го фактот дека високите оценки и обученоста на припадниците на АРМ, претставуваат најдобрата афирмација на Република Македонија и АРМ.

Штабните офицери на АРМ во наредните шест месеци ќе извршуваат задачи на високи должности во рамките на командата Север во Мазар е Шариф, Авганистан, која е во надлежност на Германскиот Бундесвер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top