| четврток, 6 декември 2018 |

Десетто злато за Јусејн Болт на светски првенства, денеска повторно го победи Гетлин на 200 метри (видео)

Beijing 2015 IAAF World Championships

Неприкосновениот и најдобар атлетичар на кратки патеки, Јамајканецот Јусејн Болт го освои и второто злато на Светското првенство во Пекинг победувајќи во трката на 200 метри со време од 19,55 секунди. Тој беше супериорен во однос на конкурентите, а посебно над Џастин Гетлин, кој оваа сезона имаше најдобро време во оваа дисциплина и се „закануваше“ дека може да го победи Болт на ова Светско првенство.

Beijing 2015 IAAF World Championships

Сепак, Болт не дозволи никакво изненадување и на 100 и на 200 метри и сосема заслужено стана првиот атлетичар во историјата со 10 златни медали од светските првенства.
Гетлин заврши на второто место со заостанување од 19 стотинки, а изненадувачки трет до целта дотрча Јужноафриканецот Анасо Јободвана со нов национален рекорд со 19.87. Ист резултат оствари и Алонсо Едвард од Панама, но во фотофиниш беше прогласен за четврти.


Usain Bolt champion du monde du 200m (19″55… by channelsport

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top