| четврток, 6 декември 2018 |

Свети Климент и денеска го заш­титува Охрид

По ре­из­град­ба­та на Све­тик­ли­мен­то­ва­та цр­ква „Св Пан­те­леј­мон“ ко­неч­но мо­шти­те на све­ти­те­лот и за­штит­ни­кот на гра­дот се вра­те­ни на Пла­ош­ник. Во но­во­из­гра­де­на­та цр­ква и око­лу неа има стак­ле­ни по­до­ви за да се гле­да­ат оста­то­ци­те од ста­ри­от храм. Со­чу­ва­ни­те фре­ски, во дол­ни­те зо­ни од вна­треш­но­ста се спе­ци­јал­но прет­ста­ве­ни, за­што хра­мот е спо­ме­ник на кул­ту­ра­та

Св. Кли­мент е за­штит­ни­кот на гра­дот Охрид. Уште при пр­ва­та по­се­та на овој град, ко­га во са­ми­от цен­тар на пло­шта­дот ќе го за­бе­ле­жи­те спо­ме­ни­кот на св. Кли­мент, кој во ра­ка­та го др­жи мо­де­лот на гра­дот Охрид, сфа­ќа­те де­ка гра­ѓа­ни­те со пи­е­тет го прос­ла­ву­ва­ат ли­кот и де­ло­то на Кли­мент.

– Уште ко­га за прв­пат го по­се­тив гра­дот, имав чув­ство де­ка ме огре­ва чу­де­сен зрак на не­об­јас­ни­ва свет­ли­на ко­ја не до­а­ѓа од сон­це­то, ни­ту од Охрид­ско­то Езе­ро. Таа свет­ли­на зра­чи од ду­хот на све­те­цот-за­штит­ник на гра­дот, ос­но­ва­чот на Охрид­ска­та ар­хи­е­пи­ско­пи­ја и неј­зин прв епи­скоп, про­све­ти­тел и вте­ме­лу­вач на ста­рос­ло­вен­ски­от ја­зик ка­ко трет служ­бен ја­зик на пра­вос­лав­на­та цр­ква, све­ти Кли­мент Охрид­ски – ни ре­че ед­на по­се­ти­тел­ка на хра­мот на Пла­ош­ник.

reportaza155-2

Св. Кли­мент го чув­ству­ва­те ко­га че­ко­ри­те по тес­ни­те, ка­ме­ни улич­ки во ста­ри­от град, ко­га на ли­це­то го чув­ству­ва­те „стр­ме­цот“, ко­га вле­гу­ва­те во охрид­ска ку­ќа ва­ро­са­на во бе­ло, ко­га ги до­пи­ра­те ѕи­до­ви­те од охрид­ски­те древ­ни цр­кви, во кои со­о­че­ни со ли­ко­ви­те од фре­ски­те и ико­ни­те, се со­о­чу­ва­те со веч­но­ста. Св.Кли­мент го чув­ству­ва­те се­ка­де.
Ле­ген­да­та ве­ли де­ка ко­га св. Кли­мент стиг­нал во Охрид, не са­мо што поч­нал да ги по­ду­чу­ва не­го­ви­те жи­те­ли на гла­гол­ско­то пис­мо, ту­ку, гле­дај­ќи де­ка лу­ѓе­то жи­ве­ат во ко­ли­би по­кри­е­ни со сла­ма поч­нал да ги по­ду­чу­ва и ка­ко да гра­дат уба­ви ку­ќи од ка­мен.

reportaza155-3

Пр­во ја со­ѕи­дал сво­ја­та цр­ква, а по­тоа си­те поч­на­ле да ѕи­да­ат уба­ви ка­ме­ни ку­ќи. Ги учел да са­дат и да ка­ле­мат ово­шки, ги ле­ку­вал со тре­вки и со раз­ни рас­те­ни­ја, ги по­ду­чу­вал ка­ко да из­бег­нат оп­са­ди на осво­ју­вач­ки вој­ски.

Кли­мент бил еден од нај­до­бри­те уче­ни­ци на св. Ки­рил и Ме­то­диј, кој учес­тву­вал во нив­на­та Мо­рав­ска ми­си­ја. По смрт­та на сво­и­те учи­те­ли, тој и не­го­ви­те со­у­че­ни­ци би­ле про­те­ра­ни од Мо­ра­ви­ја и Па­но­ни­ја и се упа­ти­ле во об­ла­ста Кут­ми­че­ви­ца, во око­ли­на­та на Охрид.

reportaza155-4

Кли­мент око­лу се­бе со­брал 3.500 уче­ни­ци и за­тоа се сме­та за ос­но­во­по­лож­ник на Пр­ви­от сло­вен­ски уни­вер­зи­тет. Се­дум го­ди­ни пре­ве­ду­вал еван­ге­ли­ја, ги по­ста­вил ос­но­ви­те на цр­ков­нос­ло­вен­ски­от ја­зик, ја соз­дал пр­ва­та цр­ков­на биб­ли­о­те­ка на Бал­ка­нот, бил му­зич­ки пе­да­гог и ком­по­зи­тир на ду­хов­ни твор­би. Теч­но збо­ру­вал и пи­шу­вал ла­тин­ски, хе­лен­ски, хе­бреј­ски, ха­зар­ски, а го поз­на­вал и арап­ски­от ја­зик.

Над гра­дот Охрид, на бре­гот на Охрид­ско­то Езе­ро го из­гра­дил ма­на­сти­рот „Св. Пан­те­леј­мон“, а по­гре­бан е во гро­бот кој са­ми­от си го под­го­твил, од дес­на­та стра­на на пре­дол­тар­ни­от про­стор, во не­го­ва­та цр­ква на Пла­ош­ник.

reportaza155-5

Во вре­ме­то на Ос­ман­ли­и­те не­го­ва­та цр­ква би­ла пре­тво­ре­на во џа­ми­ја, а мо­шти­те то­гаш му би­ле пре­не­се­ни во цр­ква­та на­ре­че­на „Мал Све­ти Кли­мент“. Цр­ква­та поз­на­та ка­ко „Мал Све­ти Кли­мент“ се на­о­ѓа ме­ѓу ку­ќи­те, во ср­це­то на ста­ри­от дел на гра­дот Охрид, на ули­ца­та „Ме­то­ди Пат­чев“, вед­наш над поз­на­та­та Ку­ќа на Ро­бев­ци.

– Оваа цр­ква ѝ при­па­ѓа на ма­ли­те ед­но­ко­раб­ни охрид­ски цр­кви од 14. век. Фре­скос­ли­карс­тво­то на не­поз­на­ти­от ло­ка­лен зо­граф е ед­но од по­до­бри­те ос­тва­ру­ва­ња во Охрид. Тре­ба да се спо­ме­не де­ка во 14 век, ко­га ма­на­сти­рот „Све­ти Пан­те­леј­мон” е пре­тво­рен во џа­ми­ја, мо­шти­те на св. Кли­мент се пре­не­се­ни ток­му во оваа цр­ква – ни рас­ка­жаа ко­га ја по­се­тив­ме оваа цр­квич­ка.

reportaza155-7

Ов­де доз­на­ва­ме де­ка по­доц­на мо­шти­те на св. Кли­мент би­ле пре­не­се­ни во цр­ква­та „Бо­го­ро­ди­ца Пе­рив­леп­та“, ко­ја на­ро­дот спон­та­но ја на­ре­ку­ва „Св. Кли­мент“. По ре­из­град­ба­та на Све­тик­ли­мен­то­ва­та цр­ква „Св Пан­те­леј­мон“ во 2002 го­ди­на, ко­неч­но мо­шти­те на све­ти­те­лот и за­штит­ни­кот на гра­дот се вра­те­ни на Пла­ош­ник.

Цр­ква­та „Све­ти Кли­мент и Пан­те­леј­мон“ прет­ста­ву­ва реп­ли­ка на по­ста­ра­та цр­ква „Све­ти Пан­те­леј­мон“ ко­ја ја из­гра­дил Кли­мент во 863. го­ди­на на исто­то ме­сто. Цр­ква­та „Све­ти Пан­те­леј­мон“ би­ла не­кол­ку­па­ти об­но­ву­ва­на сѐ до 15. век, ко­га ко­неч­но би­ла ур­на­та од Ос­ман­ли­и­те и на неј­зи­ни­те те­ме­ли би­ла из­гра­де­на џа­ми­ја поз­на­та ка­ко Има­рет-џа­ми­ја.

– На­род­но­то пре­да­ние де­ка на ова ме­сто по­стои Кли­мен­то­ва цр­ква и не­го­ва­та гроб­ни­ца бе­ше по­твр­де­но по пр­ви­те ар­хе­о­ло­шки иско­пу­ва­ња во 1943 го­ди­на, ко­га проф. Дим­че Ко­цо ги откри те­ме­ли­те на Кли­мен­то­ва­та цр­ква и во исто вре­ме и гроб­ни­ца­та на Св.Кли­мент Охрид­ски – ни рас­ка­жаа на Пла­ош­ник.

reportaza155-6

Про­е­ктот за из­град­ба­та на цр­ква­та е де­ло на Та­ња Па­ска­ли Бун­та­ше­ска, ди­ре­ктор на За­вод и Му­зеј – Охрид и во не­го­ва­та изра­бо­тка учес­тву­ва­ле око­лу две­сте струч­ни ли­ца и гра­ди­те­ли. Ка­мен-те­мел­ни­кот на во­зоб­но­ве­на­та цр­ква бе­ше по­ста­вен во 2000 го­ди­на, а об­но­ву­ва­ње­то е из­вр­ше­но по прет­по­ста­вен изг­лед, врз те­ме­ли­те на ста­ра­та цр­ква, и ка­ко при­мер би­ле зе­ме­ни цр­кви­те од Охрид и од не­го­ва­та око­ли­на.

reportaza155-8

Ко­га ќе вле­зе­те во цр­ква­та вни­ма­ни­е­то ќе ви го прив­ле­че Све­тик­ли­мен­то­ви­от гроб, кој во но­ви­от храм е на ста­ра­та гроб­на кон­струк­ци­ја, це­ли­от под стак­ло, а над не­го има сар­ко­фаг од мер­мер во кој се на­о­ѓа ков­че­же­то со мо­шти­те на све­ти Кли­мент. На јуж­на­та стра­на на гро­бот се по­ста­ве­ни ико­ни на све­ти Кли­мент и на све­ти Пан­те­леј­мон. Од дру­га­та стра­на се на­о­ѓа др­ве­на скулп­ту­ра на све­ти Кли­мент од 13. век про­нај­де­на во цр­ква­та „Бо­го­ро­ди­ца Пе­рив­леп­та“. Во но­во­из­гра­де­на­та цр­ква и око­лу неа има стак­ле­ни по­до­ви за да се гле­да­ат оста­то­ци­те од ста­ри­от храм.

reportaza155-9

Со­чу­ва­ни­те фре­ски се спе­ци­јал­но прет­ста­ве­ни во дол­ни­те зо­ни од вна­треш­но­ста, за­што хра­мот е спо­ме­ник на кул­ту­ра­та. Од ори­ги­на­ли­те, со­чу­ва­ни се ос­но­ви­те на стол­бо­ви­те и ед­на ко­стур­ни­ца во цен­трал­ни­от дел од хра­мот. На овие ме­ста е по­ста­ве­но де­бе­ло стак­ло, за да мо­же по­се­ти­те­ли­те да ја сог­ле­да­ат це­ла­та кон­струк­ци­ја на цр­ква­та.

Со лим се од­во­е­ни и ста­ри­те де­ло­ви од со­чу­ва­на­та ар­хи­те­кту­ра – во дол­ни­те зо­ни, вед­наш над те­ме­ли­те. На над­во­реш­ни­от, се­ве­рен дел, оста­ве­ни се бе­ле­зи од Сул­тан-Мех­ме­до­ва­та (Има­рет) џа­ми­ја, за да оста­нат и бе­ле­зи и од ос­ман­ли­ски­от пер­и­од.

reportaza155-10

Кам­ба­на­та те­жи три то­на и е изра­бо­те­на во лив­ни­ца во Ве­ро­на. На ѕво­но­то има из­ле­а­но де­та­ли со ре­ли­ги­оз­ни те­ми од Ста­ри­от и од Но­ви­от за­вет ка­ко и по­да­то­ци и ли­ко­ви на кти­то­ри­те.

reportaza155-11

Охрид, со зас­лу­га на Кли­мент, до­би­ва зна­че­ње на сло­вен­ски цен­тар. Свет­ли­на­та што во Охрид ја до­нел Кли­мент и де­нес ка­ко оре­ол зра­чи над гра­дот и не­го­ви­те лу­ѓе. Тоа е онаа чуд­на, не­об­јас­ни­ва свет­ли­на што зра­чи од се­кое кам­че во Охрид. За­тоа од Охрид по­не­се­те си ед­но кам­че за да не ја за­бо­ра­ви­те Свет­ли­на­та.

reportaza155-12

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 155. број на неделникот „Република“, 21.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top