| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат проектите за бесплатна бања и викенд за пензионери

бана

Наредната недела започнува втората фаза од реализацијата на проектите за бесплатна бањско климатска рекреација  и за бесплатен туристички викенд за пензионерите во Република Македонија, најави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Годинава, информира министерот, околу 1.250 пензионери ќе го искористат проектот бесплатна бањско климатска рекреација и околу 950 ќе ги искористат поволностите од проектот за бесплатен туристички викенд.

– Вкупно 2.200 пензионери во периодот од септември октомври ќе ги искористат целосно бесплатните услуги од овие проекти кои наидоа на огломен интерес и задоволство кај оваа категорија граѓани кои им помагаат да се социјализираат, да се рекреираат, да стекнат нови пријателства, им помагаат да имаат поквалитетен живот – истакна министерот Спасов, кој денеска изврши увид во реконструкцијата на пензионерскиот дом во Автокоманда.

Додаде дека покрај тоа, со проектите им помага и на туристичките капацитети во Република Македонија, но и на развојот на бањскиот туризам во Македонија.

Спасов информира дека за реализација на овие два проекти за годинава се обезбедени околу 48 милиони денари.

– Вкупно во октомври и ноември со двата проекта ќе бидат опфатени 8.500 пензионери што е значителна бројка на искористеност – рече Спасов и додаде дека во септември ќе биде распишан оглас за двата проекти за 2016 година.

Потенцира дека во соработка со фондот на ПИОМ и Сојузот на пензионери ќе се продолжи со реализација на пероекти кои го подобруваат животот на пензионерите во Македонија.

Претседателот на Сојозот на пензионери на Македонија Драги Аргировски истакна дека на ваков начин се приодонесува за создавање на подобри услови за пензионерите во македонија за квалитетот на нивниот живот. Тоа, рече Аргировски, за нив ќе значи дека и третото доба може да биде достоиснтвено и оти активно и здраво можат да стареаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top