| четврток, 6 декември 2018 |

Педесет и три членови на Централниот комитет на СИРИЗА ја напуштија партијата

сириза

Педесет и тројца членови на Централниот комитет на СИРИЗА ја напуштија денеска партијата, јави ТАСС.

– Како членови на Централниот комитет ние не можеме да го прифатиме новиот меморандум (спогодбата со кредиторите), како што не ги прифативме и претходните, се вели во заедничката декларација на лицата, кои ја напуштија партијата.

Тие нагласија дека тој меморандум ќе биде конечен удар за економското слабеење на грчкото општество.

Поголемиот дел од нив планираат да се приклучат кон партијата „Народно единство“.

На 21 август 25 пратеици од СИРИЗА ја формираа независната парламентарна група „Народно единство“, предводена од Панајотис Лафазанис, поранешен министер за енергетика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top