| четврток, 6 декември 2018 |

Розга се пофали со 9-години помладото момче

розга

Хрватската пејачка Јелена Розга повеќе не е дел од љубовниот триаголник меѓу Милан и Северина, а можеби и никогаш не ни била, со оглед на тоа колку среќно изгледа со своето момче.

Хрватските медиуми долго време се прашуваа кој е човекот со кого се гледа и вешто го чува во тајност, па пејачката за магазинот Story ексклузивно ја откри својата љубовната приказна. Избраникот на Розга е 9-години помладиот Стејпан Хаустор, дел од 2Cellos музичкото дуо.

Јелена и Стјепан во повеќе наврати беа забележани како се забавуваат заедно, па медиумите веднаш започнаа да шпекулираат дека тука има нешто повеќе од пријателство, што во случајов се потврди како вистина.

-Среќни сме и заљубени, е насловот што осамна на насловната страна на Story каде љубовната двојка позира со интимна прегратка.

Очигледно хрватските пејачки сакаат помлади момци судејќи по тоа што и Северина (43) заврши со Драган Којиќ (28).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top