Барањето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за пуштање од истражниот затвор и можност да се брани од слобода денеска е одбиено, пренесува Хина.
Жупанискиот суд не ги прифати тврдењата на неговите адвокати дека истекол законскиот рок од три и пол години, колку што најдолго може да трае истражниот затвор.
Одбраната тврди дека со притворот во Австрија Санадер подолго од три години и девет месец е зад решетки.
На оваа одлука Санадер ќе може да се жали пред Врховниот суд, но одлуката ќе мора да ја чека во затворот во Реметинац, во кој е од 18 јули 2011.
Санадер е правосилно осуден на осум и пол години затвор во случајот Хипо и Ина/МОЛ, но Уставниот суд кон крајот на јули ја укина таа пресуда и постапката се врати на почеток.
Подготвиелното рочиште за повторно судење е закажано за почетокот на септември.
Во случајот Фими медиа поранешниот премиер и поранешен претседател на ХДЗ неправосилно е осуден на девет години затвор, а за жалбите на таа пресуда Врховниот суд би требало да расправа кон крајот на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија