Чилеанскиот репрезентативец и играч на Баерн Минхен има свое видување за сумите кои ги исплаќаат најбогатите тимови за некои фудбалери.
Тој смета дека висината на трансферите се ненормални и дека еден скапоплатен фудбалер за да ги може да ги „исплати“ средствата вложени во него, ќе треба да дава по три-четири гола на еден натпревар.
– Тоа е навистина ненормално. Фудбалерите се прескапи, речиси е невозможно да ги вратат вложените пари низ нивните партии. Би требало да даваат по три или четири гола по натпревар. Според моето мислење, фудбалерите би требало да чинат помалку – изјави Артуро Видал.
По оваа изјава тој се осврна и на дербито во Бундеслигата кое се игра овој викенд меѓу неговиот Баерн и Баер Леверкузен.
– Тоа е посебен натпревар за мене бидејќи Леверкузен беше првиот клуб кој ми даде шанса да играм во Европа. Но, се надевам дека ќе играм добро на тој натпревар, како и во текот на целата сезона за да допринесам кон освојувањето на титулата со Баерн Минхен – додаде Видал.
Видал летово се пресели од Јувентус во Баерн за сума од 40 милиони евра и еден од фудбалерите кои го одбележаа летниот трансфер период па затоа и зачудува неговото мислење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


