| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел во бегалскиот камп во Хајденау

antinaciantinaciГерманската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го посети бегалскиот камп во Хајденау, со цел да ги осуди ксенофобиските напади, а Германија, истовремено, одби да ги врати Сиријците во земјите преку кои влегле во ЕУ, што во Брисел е оценето како „чин на европска солидарност“.

Таа ги осуди насилните протести против имигрантите кои се случија минатиот викенд во кампот, а ова е нејзина прва посета на некој бегалски центар откако започна европската миграциска криза.

– Европа се наоѓа во ситуација која не е достојна за неа, тоа едноставно мора да се каже – истакна Меркел.

Од јануари до јуни оваа година во земјите од ЕУ преку Македонија, Србија, БиХ, Албанија, Црна Гора и Косово влегле 102.000 мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top