
Бугарски војници и оклопни возила и изутринава се присутни на граничните премини кон Македонија за, како што тврдат властите во Софија, да се спречи евентуално прелевање на емигрантската криза во Бугарија.
На граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево се распоредени десетина вооружени бугарски војници со воено возило „хамер“, а се поставени и метални пречки за запирање возила.
Бугарските медиуми известуваат дека воено присуство има и на граничните премини Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Петрич.
Бугарската вицепремиерка и министерка за внатрешни работи Румена Бочварова вчера изјави дека Софија подготвила три сценарија за справување со евентуалниот наплив на мигранти.
– Најапокалиптичната варијанта е да има прилив на емигранти како во Македонија. Сепак, сметаме дека ризикот да се случи такво нешто во Бугарија е мал, бидејќи бугарските граници се чуваат добро – изјави Бочварова. Како дополнителна мерка сега е вклучена и армијата, која е распоредена на граничните премини кон Македонија и Грција.
Според неа, емигрантите, чијашто цел е Западна Европа не минуваат често низ Бугарија, бидејќи не се сигурни дека брзо и сигурно можат да стигнат до посакуваната дестинација.
Бочварова вели дека не може да се ограничи правото на бегалците да доаѓаат во Бугарија, но тие мора да бидат регистрирани бидејќи постои опасност дел од нив да учествувале во борбените дејствија на Блискиот Исток или да се терористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


