| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарно: дете-џихадист се учи да сече глави на кадифено мече (видео)

dete jihadistНајновото бизарно видео на ИСИС ја шокираше јавноста затоа што на него се гледа дете што го учат како да обезглавува луѓе. На снимката, која стручњаците ја оцениле како „еден од најлошите видови злоупотребување деца“ се гледа дете облечено во црна облека каква што носат исламските милитанти, кое со нож се обидува да отсече глава на кадифена играчка. Во заднина има знаме на ИСИС.

Детето, кое, според тоа што може да се види, е на предучилишна возраст, во раката држи голем ловечки нож, а човекот што не се гледа на снимката го бодри извикувајќи „Такбир“ што во превод значи „Господ е голем“.

Сириските корисници на социјални мрежи го осудија видеото наведувајќи дека „е уништено едно детство“.

Снимката со слаб квалитет не е директно објавено од џихадистите преку нивните канали и неговото потекло засега е непознато. Видеото на „Твитер“ го споделил симпатизер на ИСИС под наслов „Син на еден муџахедин, втор дел“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top