Австралиската полиција денеска на веб-ајтот „Контаразузнавачки операци“ соопшти дека неколку месеци ги следела активностите на двајца пилоти од Индонезија, за кои имаат основан сомнеж дека се исламски радикали подготвени за џихад.
Имињата на двајцата потенцијални терористи не се откриваат, но се наведува дека тие работат во авиокомпаниите „Ер Азија“ и „Премиум“.
Австралиските контрарзузнавачи дошле до сознанијата најмногу со анализа на профилите на двајцата пилоти на „Фејсбук“. За нив федералците од Сиднеј сметаат дека се лица кои ја зарозуваат безбедноста во регионот.
Двајцата осомничени завршиле пилотска академија во 2010 година и често ги управувале авионите на летовите од Џакарта и Бали кон Сингапур и Хонг Конг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.