| четврток, 6 декември 2018 |

Средба меѓу Вељаноски и Стефановиќ: Очекуваме европски датум

вељановски стефановиќОчекуваме и посакуваме во јуни да добиеме датум за преговори со ЕУ, а оваа моја посета е во фокусот на добрососедските односи, кои се традиционално добри, изјави во Белград претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

– Оваа посета на Србија е во фокусот на добрососедските односи. Очекуваме, посакуваме, се надеваме затоа што ги исполнуваме сите критериуми и Македонија и Србија да добијат датум за преговори во јуни. И двете земји побрзо да се интегрираат во ЕУ – рече Вељаноски истакнувајќи дека исполнувањето на стандардите е за добро на сите граѓани.

Претседателот на српскиот парламент, Небојша Стефановиќ, истакна дека Србија и Македонија се подготвени за почеток на преговорите за влез во ЕУ и се согласи со Вељаноски дека треба да се интензивира економската соработка меѓу двете земји.

– Многу теми се заеднички за двете земји. Двете земји достигнаа одредени стандарди и ги исполнија копенхашките критериуми и препораките на Советот на Европа и се надеваат на почеток на преговорите со ЕУ. Тој вид охрабрување и влез во ЕУ ќе биде значајно не само во политичка смисла, туку и за натамошна економска соработка, за што, исто така, имавме прилика да разговараме – изјави Стефановиќ.

На средбата станало збор за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, но и за зајакнување на парламентарната и економската соработка, што ќе овозможи пласман на македонски и српските производи на трети пазари и зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top