| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Балотели се врати во Милан (видео)

baloteli

Контраверзниот италијански фудбалер Марио Балотели официјално се врати во Милан. Тој во црвено-црниот дрес се врати по една година помината во Ливерпул каде не ги оправда очекувањата и за 16 натпревари постигна само еден гол. Балотели дојде во Ливерпул токму од Милан, а прославениот премиерлигаш за него плати 20 милиони евра.
Сепак тој се враќа во Милано како позајмен фудбалер со можност „росонерите“ да го откупат договорот на крајот од сезоната.

Веднаш во својата прва изјава за италијанските медиуми, Балотели потенцираше дека е пресреќен што повторно се враќа дома.

– Моето срце е црвено-црно. Пресреќен сум што сум тука – рече Балотели, чија плата според договорот, по половина ќе ја покриваат Милан и Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top