Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од среда доаѓа во Македонија да изврши надзор на економските политики на земјата, потврдија од Фондот. Ова е прва посета на монетарците од Вашингтон под водство на новата шефица на мисијата, Ивана Владкова Холар. Вообичено, се очекува монетарците да се сретнат со гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, со министерот за финансии, Зоран Ставрески, со банкарите и со бизнисмените во земјава.
Освен редовните консултации, ММФ при оваа посета се очекува да изврши и ревизија на двегодишниот аранжман од кредитната линија за претпазливост од 220 милиони евра. Тоа значи дека Фондот ќе ги стави под лупа политиките на земјата, со особено фокусирање на макроекономските и структурни политики кои се релевантни за надворешната одржливост, објави „Капитал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


