Поранешниот возач на Формула 1, Британецот Џастин Вилсон почина од тешките повреди на главата со кои се здби за време на трката во Инди Кар серијата, на патеката Поконо. Ова е прв смртен случај во Инди Кар од 2011 година кога животот го загуби Дан Велон.
На 21 круг до крајот на трката во Поконо, во тој момент лидерот во трката Саге Карам удри во заштитниот ѕид, а делови од билидот се разлетаа по патеката. Еден од деловите кои летаа по патеката го погоди во главата Вилсон, кој загуби контрола врз својот болид и, исто така, удри во заштитниот ѕид.
Несреќниот Вилсон веднаш беше префрлен во најблиската болница, а во вторникот им подлегна на повредите.
Џастин Вилсон во Формула 1 се натпреваруваше во во 2003 година во екипите на Минарди и Јагуар, а со 197 сантиметри беше највисокиот возач во Ф1 историјата.
Целиот мото свет е завиен во црно од Инди Кар трагедијата што му се случи на Вилсон. Зад себе ја остави сопругата ЏУлија и ќерките Џејн (7) и Џесика (5).
„Ова е тажен ден за Индикар и мотосветот во целина. Џастин имаше неверојатна способност за тркачки автомобили. Токму тоа, покрај карактерот и човечноста, го правеше еден од најреспектираните возачи на Инди Кар“, рече еден од челниците на овој спорт во САД, Марк Мајлс и додаде:
„Како што знаете, овој спорт е едно големо семејство и нашите настојувања сега ќе бидат насочени кон семејството на Џастин на кого ќе му ја пружиме целата потребна помош и се што им треба во овие тешки и потресни моменти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)