| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо си купи стан за за 18,5 милиони долари (Видео)

Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер на светот, а е познат и по добриот вкус. Сака мода, убави жени, има своја линија на долна облека. Познат е и по дарежливоста, на пример како што неодамна за свадбата на своите пријатели им подари еден грчки остров.

Себе пак се почасти со стан во Њујорк за кој одвои 18,5 милиони долари.

Станот има најдобар поглед кон Менхетен и Централ Парк. 230-те квадратни метри се исполнети со луксузен мебел, а меѓу останатите информации за недвижнината е и тоа дека послужил како инспирација за станот на Кристијан Греј во филмот „50 нијанси сиво“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top