| четврток, 6 декември 2018 |

Дуке Бојаџиев ќе свири за дечињата згрижени во Детската клиника

Duke-Bojadziev-int127-2Македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев, утре ќе свири за дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје.

Тој вели дека огромно задоволство му претставува тоа што ќе биде гостин на Детската клиника и очекува многу забава и насмевки на лицата на дечињата.

– Идејата за овој мој ангажман се роди при средбата со претседателското семејство, ова лето во Охрид. Со претседателот Иванов и неговата сопруга Маја разговаравме за моите ангажмани, за музиката, за децата, за музико-терапијата итн. Тогаш дојде идејата и предлогот. Зошто не би одржал мини-концерт за дечињата што се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје. Веднаш, стапивме во контакт со директорката на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова и со помош на Кабинетот на претседателот ги договоривме деталите, за што сум многу благодарен, вели Дуке Бојаџиев.

Како што додава музикотерапијата е составен дел на речиси сите врвни медицински установи во светот. Според него таа има се поголема примена во модерната пракса во конвенционалната медицина, а резултатите на светските истражувања покажуваат многу позитивни промени кај пациентите.

Тој вели дека како и за секој настап се подготвува професионално и посветено.

Утре, пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје, Дуке Бојаџиев ќе настапи заедно со Тања Царовска – вокал и Владимир Крстев – виолина, состав со кој настапуваше годинава во Рим, во рамки на одбележувањето на Свети Кирил, а кои беа дел од неговиот тим на концертите одржани летово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top