| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дојран ќе може да се скија на вода со жичница

Првиот „Кејбл вок“ парк во Македонија е планирано да биде поставен на плажата Стара Мрдаја, на површина од еден хектар. Општина Дојран ќе го гради овој парк преку проекти финансирани од ЕУ.

Треба да бидат издигнати неколку столбови за поставување жичница во круг, а во водите на езерото ќе има платформа со повеќе елементи по кои ќе може да се скија на вода, влечени од жичницата.

Ваква жичница има на хрватското и на грчкото крајбрежје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top