По смртта на Фреди во 1991 година се појавија низа претпоставки: Дали неговата пепел е пренесена во родниот Занзибар или е закопан под црешата во јапонската градина во неговата куќа во Лондон?
Кога надгробната плоча беше ставена на гробиштата Кенсал Грин во Западен Лондон, на која стои неговто име – Фарук Булсара, откриена пред еден месец, огромен број негови обожаватели помисија дека конечно дознаа каде е неговото последно почивалиште.
Меѓутоа, Мери Остин, жената на која Фреди Меркјури ѝ го остави имотот вреден 20 милиони фунти во Западен Лондон, како и девет милиони фунти во банка, е категорична: „Фреди не се наоѓа на тие гробишта“. Таа вели дека непосредно пред да умре, Фреди се плашел гробот да не му биде осквернавен.
– Не сакаше кој било да го ископува потоа, како што се случуваше со некои славни личности. Знаеше дека обожавателите можат навистина да бидат опседнати. Сакаше неговиот гроб да остане тајна и така ќе биде – вели Мери Остин.
Мери две години ја чувала урната со неговата пепел во неговата спална соба, за потоа да ја изведе тајната операција за закоп.
– Не сакав кој било да се посомнева во тоа што го правам. Реков дека одам на затегнување на лицето. Беше мошне тешко да се најде вистински момент. Едно утро скришно излегов од куќата носејќи ја урната со себе. Мораше тоа да биде некој сосема обичен ден, за послугата да не се посомнева во ништо – вели таа.
Останатите членови на бендот не можеа да прифата дека Мери го наследи неговиот имот. Таа вели дека Фреди ја предупредил дека ќе наиде на љубомора.
– И навистина беше во право – додава со горчина.
Кога умре Фреди, таа била во криза. Заболела од неколку болести и се трудела емотивно да се избори со наследството.
Бргу се судрив со голема љубомора
Си помислив: „О, Фреди, ми остави толку многу и толку голем товар“. Мислев дека не можам да се носдам со тоа. Ме предупреди дека куќата ќе биде многу поголем предизвик отколку што можем да претпоставам. Благодарма сум му за тоа што ме предупреди бидејќи многу брзо се судрив со голема љубомора, вели Мери Остин.
Таа вели дека не разбира зошто ја опкружува толку голема љубомора од страна на поранешните членови на групата.
– За мене тоа се само тули и минливи нешта. Тој беше многу великодушен кон нив. Мислам дека не го ценат и не го сфаќаат она што Фреди им го остави. Им остави четвртина од добивката од последните четири албуми, а не мораше тоа да го направи. Не се слушам со нив. Кога тој умре, тие едноставно исчезнаа – раскажува Мери Остин.

Неговата работна соба остана иста како кога беше жив. Во неа доминира големиот клавир, на кој ги компонираше некои од најголемите хитови, вклучувајќи ја и „Боемската рапсодија“. Тука има и фотографии од него и Мери.
По шест години забавување, тој објави дека е геј и почна да ги менува партнерите, а неговиот живот сѐ повеќе тонеше во пороците. Но, неговата љубов кон Мери никогаш не престана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


