| четврток, 6 декември 2018 |

Бензините поветинуваат три денари, дизелот-два

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 ден/лит. Еуродизелот ќе се продава по 49 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство за 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 ден/кг и ќе изнесува 20,760 ден/кг.

Намалувањето на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top