Малкумина слушнале за изнајмување бела техника и на други предмети за во стан, но овој бизнис постои во Србија и е многу развиен, така што за само 50 евра можете на една година да изнајмите машина за перење, шпорет или фрижидер. Добрата страна на ова е што за секаква поправка во станот доаѓа сопственикот на апаратот, а поправката не се наплаќа.
Ова е спас за многубројни граѓани на кои купувањето на бела техника им претставува голем трошок, а апаратите, главно, се изнајмуваат на една година, но машините за перење, фрижидерите или шпоретите може за 30 евра да се изнајмат и на три месеци.
Понудувачите велат дека со староста на апаратот паѓа и цената, па може да се случи комбиниран фрижидер со замрзнувач за една година да се изнајми само за 30 евра. Според „Центарот за слободен пазар“, кој се занимава со изнајмување на апаратите, изнајмувањето на бела техника е полесно отколку да се купуваат нови апарати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


