Чешкиот премиер Бохуслав Соботка смета дека Европа не може да бега пред емиграциската криза и, според него, поголемо внимание од кога било досега треба да се обрне на причините за предизвикување на кризата.
– Клучно за решавање на актуелната ситуација во ЕУ е свеста дека проблемот со емиграција е проблем за цела Европа. Овој предизвик не можеме да го избегнеме и пред него не можеме да избегаме. Влогот кој го даваме е голем- ја ризикуваме целата шенгенска соработка и слободното движење на лица во рамките на ЕУ, кои се еден од темелите на европската интеграција – рече Соботка на денешната средба со десетина странски дипломати.
Чешкиот премиер додаде дека Европа не треба да се ограничи само на соочување со влијанието од кризата и оцени дека најважно е да се запре воениот конфликт во Сирија и Либија, како и да се подобрат условите за живот во земјите од каде што доаѓаат бегалците.
– Бидејќи дури тогаш, која во земјата на потекло на миграцијата ќе бидат заштитени животите и имотот на граѓаните, нудејќи им можноста за пристоен живот, дури тогаш ќе престанат емигрантите да го ризикуваат својот живот во пустините или на морињата – вели Соботка.
Тој се осврна и на тоа дека Чешка е против тоа еврозоната да се одделува од остатокот на ЕУ и ја истакна улогата на евроатлантските структури во гарантирањето на безбедноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



