| четврток, 6 декември 2018 |

Фицо и Соботка: „Ние знаеме, Британците не знаат, нема веќе цреши за нив…“

558386-top_foto1-ozcj0

Премиерите на Словачка и на Чешка Роберт Фицо и И Бохуслав Соботка посочија дека Брегзит полека заминува на маргините на европските дискусии. Ставот го темелат со тоа што останатите 27 членки на ЕУ јасно и точно знаат што сакаат, а Британците се тие кои не знаат што сега; сложувајќи се дека ниту во Словачка ниту во Чешка не се заканува не се заканува референдум за излез од ЕУ.

-Ја политуваме одлуката на британците иако ни е жал. Но Велика Британија нема да може само да ги собира црешите од европската торта и нема да може да влезе на заедничкиот пазар доколку не ги почитува четирите основни слободи, меѓу кои и слободата за движење на луѓето. Ние, ЕУ, знаеме што сакаме, но Велика Бритсанија изгледа не знае. Секој ден е се полошо, кога ги слушаме ставовите на британската конзервативна партија, различни изјави, пресврт во ставовите- вели словачкиот премиер.

За Фицо, референдумот и Брегзит беа само обична бритаснска внатрешна дневнополитичка кампања која избега од контрола и нема веќе причина да ги фрла во сенка поважните теми.

И словачкиот и чешкиот премиер предупредија на неодговорна злоупотреба на Брегзитот а кампања за излез на двете држави од ЕУ. Соботка објаснува дека не се само европските фондови кои ќе се загубат, туку и дека во двета мали извозноориентирани економи од членството во ЕУ и извозот без препреки зависат десетици илјади работни места, потоа безбедноста и социјалната сигурност.

-Парадокс е дека ние Чесите сме скептици но мислам дека сме рационални и прагматични и членството ни нси неспорна корист во согласност со нашите национални интереси. Нашата влада нема да распише референдум, ниту за излез од ЕУ ниту за излез од НАТО. Дебата за Чегџит веројатно ќе има пред изборите но тоа за мене не е кошмар, туку прилика да повториме што добиваме од членството- вели Соботка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top