| четврток, 6 декември 2018 |

Виена со студен туш кон Атина: Завршете си го својот дел од работата со миграцијата

austriaАвстрија студено реагираше откако Грција го отповика амбасадорот во Виена за консултации, повикувајќи ја јужноевропската земја да го заврши својот дел од работата за совладување на миграцијата, јави ДПА.

Амбасадорот беше повикан да се врати во Атина за консултации, поради стравувањата на Грција дека новите строги гранични правила, воведени од Австрија и некои балкански држави, ќе ги блокираат мигрантите и бегалците во Грција.

– Австрија може да ја разбере нервозата на Грција, кога се зголемува притисокот врз земјата да помогне за совладување на бегалскиот поток, соопшти австриското МНР во писмена изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top