Емигрантската криза во Македонија треба да се реши без натамошно одложување, изјави министерот за надворешни работи на Франција Лорен Фабиус.
Шефот на француската дипломатија вчера по средбата во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на државите-членки на ЕУ ќе разговараат за проблемот со емигрантите, кои во сѐ поголем број пристигнуваат во Македонија. Емигрантската криза, како што нагласи Фабиус, не е проблем само на Македонија.
Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 емигранти, повеќето од Сирија, Авганистан, Ирак и од Пакистан. Поради напливот на емигранти од Грција македонските власти прогласија кризна состојба на јужната и на северната граница.
Официјалните бројки на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, покажуваат дека во јули во земјите од ЕУ влегле 107.500 мигранти. Нивни најпосакувани одредници се Австрија, Германија, Велика Британија и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.