Поранешниот шампион во Формула 1, Себатијан Фетел за првпат оваа сезона остана без бодови на една трка во шампионатот.
Четирикратниот светски првак, беше исклучително лут на производителот на гуми Пирели бидејќи тој мораше да се откаже од трката во „Спа“ за ГН на Белгија на два круга до крајот поади пукање на пневматик со што не успеа да стигне до пит-стопот за да ја замени.
– Ова е недозволиво. Секогаш имаат некој изговор: парче од болид, расеченица, можеби возачот отишол прешироко… Тоа е с…! Не отидов прешироко, гумата експлодираше сама од себе и тоа да се случеше 200 метри поназад, ќе бев готов – врескаше Фетел откако излезе од болидот.
Многу брзо стигна одговорот од Пирели.
– Секоја гума кога ќе дојде до крајот, настанува проблем. Мислевме дека може да издржи 40 круга, но условите се променија. Тој извозе 28 круга, но другите екипи имаат поинаков пристап. Гумата на Фетел пукна поради надворешна расекотина, а тоа беше чист резултат на брзо оштетување. Ако трката беше еден круг пократка, тој ќе беше на подиумот и тоа би го нарекле генијален потег. Некогаш, границите се многу мали – рече спортскиот директор на Пирели, Пол Амбери.
Поради лошите коментари, Фетел го очекува казна од Формула 1, исто како и поради фактот што не се појави на задолжителното мерење по трката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)