| четврток, 6 декември 2018 |

Јоветиќ херој за „нероаѕурите“, постигна гол во 93. минута за победа (видео)

FC Inter - Atalanta

Црногорскот репрезентативец Стеван Јоветиќ, кој ова лето премина во редовите на Интер како фудбалер на заем од Манчестер Сити го имаше своето деби во сино-црниот дрес на клубот од Милано.
Популарниот Јо-Јо се врати во Италија каде пет години беше еден од најдобрите играчи на Фиорентина. Тој му донесе значајни три бода на својот нов клуб со гол во 93.минута. Јоветиќ со прекрасен удар ја затресе мрежата на Аталанта и ги освои трите бода на стартот од новата сезона во Серија А лигата.
Гостите од Бергамо играа со фудбалер помалку од 71. минута, но не издржаа до последниот свиреж на судијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top