Најдобриот на сите времиња, Роџер Федерер по седми пат е освојувач на Мастерс-турнирот во Синсинати откако вечерва во финалето беше убедлив против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови.
Федерер на импресивен начин дојде до седмата титула од исто толку финалиња на колку што учествувал на Синсинати. Ѓоковиќ може да жали за пропуштената шанса бидејќи по третпат губи од Федерер во финалињата на овој мастерс, а во случај да го освоеше ќе беше единстениот играч во историјата на тенисот што му пошло од рака да ги освои сите мастерси барем по еднаш што се организаат во светот.
Првиот сет влезе во тај-брејк, а Федерер во 13.гем беше многу поконцентриран и успеа да го добие со 7-1 во поени.
Во вториот сет Ѓоковиќ направи неколку невообичаени грешки, тоа беше доволно за Федерер да му го одземе сервисот и да го комплетира со 6-3.
Популарниот Федекс очигледно не е за „старо железо“ бидејќи игра во врвна форма осовјувајќи го овој турнир без загубен сет.
По освојувањето на овој турнир, од утре Федерер ќе биде повторно второпласиран светски тенисер на АТП – листата откако го загуби ова место од Енди Мареј кој го освои мастерсот во Монтреал минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.