| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија Дортмунд продолжува со “четворките“ во Бундес-лигата (видео)

borusija dortmund

Екипата на Борусија Дортмунд силно ја почна новата сезона, сакајќи што побрзо да ја заборави минатата кога во пролетниот дел едно време беа и последни на табелата.
За разлика од лани, оваа година Борусија Дортмунд со новиот тренер Тухел почна со две високи победи од по 4-0. По стартниот триумф над Борусија Менхегладбах денеска настрада новиот бундеслигаш Инглштад на домашен терен.

Во првото полувреме „жолто-црните“ пропуштија четири-пет стопроцентни шанси, но затоа реализацијата значително ја подобрија во вторите 45 минути, кога четири пати го најдоа патот до мрежата на домашниот тим. Серијата погодоци ја отвори десниот бек Гинтер, а по него во листата на стрелци се запишаа и Ројс, Кагава и Обамејанг.


Full goal and highlights | Ingolstadt Vs… by MatchDaily

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top