| четврток, 6 декември 2018 |

Три од три на стартот од сезона во Премиер лигата за Манчестер Сити (видео)

Everton vs Manchester City

Екипата на Манчестер Сити е незапирлива на стартот од новата сезона во Премиер лигата. Во третото коло ја остварија и третата победа овојпат на гостувањето кај Евертон со 2-0. Со тоа „граѓаните“ потврдуваат дека се сериозни во намерата да го вратат пехарот за шампионот во своите витрини.
Избраниците на Мануел Пелгрини повторно создадоа бесброј убави шанси за гол поготово во првото полувреме, но на првиот погодок се чекаше се до 60 минута кога српскиот дефанзивец Коларов успешно стрелаше во голот на Тим Хауард.
Вториот гол беше дело на Самир Насри на само две минути до истекот на регуларниот дел од натпреварот со што ја запечати судбината на Евертон.
Претходно, при резултат 0-1 херој на Сити беше капитенот Компани, кој од самата гол-линија ја исчисти опасноста по прецизниот шут со глава на Герет Бери.


Aleksandar Kolarov Goal – Everton vs Manchester… by brilche


Samir Nasri Goal – Everton 0-2 Manchester City… by Bayeo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top