| четврток, 6 декември 2018 |

Трета среќа за Челси, победи кај ВБА со играч помалку (видео)

West Bromwich Albion vs Chelsea

Акутелниот шампион на Англија, Челси полека но сигурно се загрева во новата сезона, остварувајќи ја првата победа во третото коло во новиот шампионат во Премиер лигата. Избраниците на Жозе Мурињо денеска на гостински терен беа поуспешни од ВБА со 3-2.
Се чини дека новото засилување за четата на „сините“ шпанскиот репрезентативец Педро ќе биде вистински хит сезонава бидејќи во неговото деби во дресот на Челси постигна гол уште во 20. минута. Педро одигра одличен натпревар содавајќи шанси за своите нови соиграчи. Една таква искористи неговиот репрезентативец колега Диего Коста кој го зголеми резултатот на 2-0 десет минути подоцна.
Морисон ја ублажи резултатската негатива на ВБА во 35 минута, но уште еден шпански интернационалец од редовите на Челси, Ацпиликуета го постигна третиот гол на три минути пред крајот на полувремето.
Морисон во 14 минута од првото полувреме не успеа да реализира и пенал.
Во вториот дел Џон Тери заработи директен црвен картон поради влечење. Тоа го искористи повторно Морисон кој го намали резутатот на 2-3, но тоа беше се што сторија домаќините, по што „сините“ од Лондон стигнаа до првата победа оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top