| четврток, 6 декември 2018 |

Во септември нови 2.750 работни места: Две фабрики почнуваат со работа и две со изградба

Три нови фабрики ќе отпочнат со работа, а на две ќе почне изградбата во текот на месец септември, со што се отвараат нови 2.750 работни места, изјави декенеска премиерот Никола Груевски.  Тој нагласи дека Владата и тимот министри остануваат фокусирани на привлекување инвестиции.

– Во септември треба да се отвори фабриката на „Техникал текстаил“ која кога ќе ги пополни своите капацитети треба да има најмалку илјада директно вработени плус индиректно. Исто така, „Дијатек“ треба да има најмалку 250 директни вработувања и австриската компанија во Виница која што веќе почна со пробно производство која треба да отвори 250 работни места.  Истовремено во септември ќе започне изградбата на новата фабрика на ОДВ Електрик. Тие веќе почнаа како браунфилд инвестиција во постоечка хала, вработија некоја бројка луѓе, но во новиот капацитет што ќе почнат да го градат сега во септември планираат нови дополнителни илјада нови работни места.   Исто така, во септември ќе има уште еден камен темелник  за изградба на фабриката „Кондево“ која треба да овозможи 250 нови вработувања. Некаде веќе во октомври/ноември треба да заврши и градбата на „Ејплленд“ во Ресен. Така што само во септември  тие што ќе почнат да се градат и тие што ќе се пуштат во употреба ќе овозможат 2.750 нови работни места, рече премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top