Три од петте понудени локации во индустриската зона во Пехчево се продадени. Една е наменета за стовариште на градежни материјали, а на две ќе се градат фабрики за производство на дрвени палети и на конфекциски производи.
– Економскиот развој на Пехчево покрај изградбата на туристички капацитети го гледаме и во најавената изградба на неколку фабрики од лесната и незагадувачка индустрија од областа трудоинтензивните дејности, какви што се преработката на дрво и на текстил – изјави градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.
Тој информира дека локациите во индустриската зона се продадени по едно евро од квадратен метар, со што општинскиот буџет ќе оствари скромен приход, но бенефитот се очекува да дојде подоцна со плаќање на комуналии и со зголемување на вработеноста во општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој се пријави, се пријави: Исцрпени средствата за субвенционирање на печки на пелети
-
Изложба во МКЦ на палети од Личеноски, Мартиноски, Пенушлиски, Корубин…
-
Компании од САД, Германија, Британија, Кина заинтересирани да инвестираат и да отворат нови работни места
-
Наскоро нова продажба на локации за изградба на фабрики и индивидуални куќи во Прилеп