Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција за странските инвестиции истакна дека претходниот владин тим бил во сериозни и длабоки преговори со речиси 60-тина компании кои сакале да инвестираат во Македонија.
Станува збор за компании од САД, Германија, Британија, Турција, Кина, Италија, Јапонија кои имале интерес да отворат свои капацитети во земјава. Дел од нив за прв пат, дел планирале да ги прошират постоечките капацитети со отворање на нови, а имало и такви кои одлучиле своите компании во други земји да ги затворат и да дојдат во Македонија.
Најголем дел од компаниите се од областа на автомобилската индустрија, но има и од керамичката, електронската, роботичката и технолошката индустрија. дел од компаниите работат во областа на аудиокомпоненти, а планирано било и оптворање на образовна институција. Преговори се воделе и со компании за изградба на хотелски капацитет, како и спа центри. Дел од заинтересираните компании биле и од областа на земјоделството.
Како што истакна Груевски овие нови 60-тина компании, доколку влезат во Македонија ќе отворат околу 25.000 нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.