| четврток, 6 декември 2018 |

Болт продолжува со доминацијата, за една стотинка го победи Гетлин во финалето на СП во Пекинг

Beijing 2015 IAAF World Championships

Кралот на спринтот и светски рекордер Усеин Болт ја одбрани светската титула на 100 метри на првенството во Пекинг истрчувајќи во финалето 9,79 секудни и за само една стотинка беше подобар од Американецот Џастин Гетлин.
„Молњата“ од Јамајка имаше проблеми во квалифкациите поради лошите стартови, но во финалето покажа зошто е најдобар во светот во оваа дисциплина. Иако не трчаше цела сезона, а наспроти тоа Гетлин покажа дека е во врвна форма, Болт по третпат по ред се заќити со златниот медал и застана рамо до рамо со легендарните Морис Грин и Карл Луис кои истотака имаат по три злата од светските превенства.

Beijing 2015 IAAF World Championships

Трката беше фантастично брза бидејќи од осумте финалисти, седум ја истрчаа најкратката атлетска патека за помалку од 10 секунди. Со бронзен медал се заќити Мајк Роџерс со време од 9,92 секунди.
Тоа е вкупно деветти најсјаен трофеј од сите дисциплини на Мундијалите за човекот, кој никогаш не загубил финале на 100 метри на големо натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top