Роџер Федерер, најдобриот тенисер на сите времиња, се пласираше во финалето на Мастерсот во Синсинати во голем стил. Тој го совлада Енди Мареј и иако бројките во сетовите на го покажуваат тоа, Швајцарецот ја имаше контролата на мечот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева на победа.
Синоќа тој изведе неколку удари кои не се видени на тениските терени, за нив ќе мора серизно да се разговара за да им се доделат имиња.
Особено беше интересен оној пред крајот на вториот сет кога така ја удри топката што Мареј не успеа ни да ја стигне иако не беше многу силна, ниту далеку од него.
Роџер Федерер во финалето ќе се сретне со првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ. Мечот започнува вечерва во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)