Вооружениот маж, што беше совладан во петокот, во брзиот воз „Талис“ во Франција, е идентификуван како 25-годишен Мароканец Ајуб Ел Казани, за кого се верува дека има врски со радикално исламистичко движење, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.Ел Казани вчера е испитан од страна на француската полиција за борба против тероризмот. Анализата потврдила дека нема сомнежи дека тој е истиот човек, што бил регистриран од службите во февруари 2014 година.
Француските власти потврдија дека тој живеел во јужниот шпански град Алхесирас.
Напаѓачот од возот на релацијата Амстердам-Париз е пренесен вчера утро во полициска станица за борба против тероризмот надвор од Париз каде полицијата може да го држи во против до 96 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.