| четврток, 6 декември 2018 |

Направил дупка во ѕид, нападнал старица и украл 100 денари

krazba vizbegovo

Непознат провалник пред два дена околу, 3 часот по полноќ, извршил разбојништво врз 66-годишната штипјанка Ф.Р., која во куќата живеела сама.

Разбојникот во куќата лоцирана на улица „Косовска“ во Штип направил отвор во ѕидот, влегол внатре, го изгаснал светлото и физички ја нападнал жената, по што од паричникот ѝ одзел 100 денари и заминал.

На жената, која живеела сама, ѝ е укажана лекарска помош во штипската болница поради повредите што ѝ биле нанесени по главата и по телото.

Ф.Р. неофицијално имала проблеми со видот, живеела сама во куќата, па токму затоа светлото постојано ѝ горело поради што пред нападот разбојникот решил да го изгасне.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top