| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави против тројца скопјани за разбојништва

policija

Против тројца скопјани е покрената кривична пријава за „разбојништво“, „поттикнување“, „прикривање“ и „помагање“ со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 275.770 денари.

Полицијата денеска соопшти дека од страна на судија на претходна постапка на еден од нив му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а еден е во бегство.

Кривичните дела се извршени на 7, 9 и 12 декември. Во продавница на Европа во кругот на фабриката, во спортска обложувалница Спорт Лајф лоцирана на улицата Благоја Стефковски, во аптеката Алпи, каде со закана од вработената одзеле 30 илјади денари, а четвртото кривично дело С.С. кому му е одреден притворот го извршил во спортската обложувалница лоцирана на улицата Кузман Јосифосвски Питу од каде одзеле над 23 илјади денари.

С.С. бил подолго време недостапен, а со цел да не ја напушти државата распишан е локален и централен распис и на 11­-ти овој месец е пронајден и лишен од слобода. Тој во целост ги признал делата појаснувајќи дека за сите кривични дела поттикнувач и помагач бил Б.Т., а О.В. учествувал само во организирање и прикривање на кривичното дело извршено во спортската обложувалница за што побарал пари во вредност од 300 евра, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top